Дожд до сабота


Облачно со повремени врнежи од дожд е прогнозата за времето и за денеска. И денеска Македонија ќе биде под влијание на нов воздушен влажен бран што ќе донесе нови врнежи, кои ќе бидат пообилни во вечерните часови и утре.

Се очекува да наврнат и до 30 литри на еден квадратен метар.ulica dozd 3 mk

Денеска и покрај облачноста и врнежите, дневните температури ќе бидат во пораст: Скопје 16, Тетово 14, Маврово 6, Дебар 15, Крива Паланка 14, Куманово, Виница и Свети Николе 16, Штип 17, Берово 12, Струмица 16, Дојран и Гевгелија 15, Демир Капија 17, Кавадарци 16, Крушево 6, Битола 12, Охрид и Прилеп 13, Преспа 11…

Утре дневните температури ќе бидат од 11 до 16 степени и врнежи од дожд. Во сабота максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а времето ќе биде облачно и врнежливо со северно воздушно струење и северен ветер. Веќе во недела ќе имаме стабилно време, променливо облачно со сончеви периоди со температури од 8 до 14 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1