Езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште- вака ќе изгледа новиот парк во Аеродром (ФОТО)


Пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште, ќе бидат само дел од содржините кои ќе бидат застапени во новиот парк, кој денеска почна да се гради во општина Аеродром.

Во паркот кој ќе се простира на површина од 2.319 метри квадратни, ќе се задржат постојните дрвја кои се наоѓаат на оваа локација, а дополнително ќе биде збогатен со ново зеленило составено од нискостеблести растенија и цвеќе.park aerodrom

Водените површини во паркот ќе бидат осветлени со рефлектори, кои ќе го надополнат амбиентот навечер.

Со овој проект продолжува традицијата на унапредување и заштита на животната средина и на градење паркови во новопроектирани зони во Аеродром, како карактеристично обележје, по кое стана позната и препознатлива општината, во која последниве неколку години се изградени околу 100.000 квадратни метри нова зелена површина.park aerodrom 2

Инаку, градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, денеска официјално го означија почетокот на изградбата на паркој, лоциран спроти „Мајчин дом“, поточно на просторот на аголот меѓу улицата „Васко Карангелевски“ и булеварот „Јане Сандански“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1