Дожд до среда – од четврток сонце но со заби


Во Македонија ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито.

Ке дува засилен јужен и југоисточен ветар, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар. Утринските температури од 8°C до 16°C, а максималните дневни ке се движат од 19°C до 28°C.

Во Скопје ке биде умерено облачно со можност за повремени врнежи од  дожд. Ке дува засилен југоисточен ветар. Утринската температура од 11°C, а максималната дневна ке достигне до 25°C.

Во вторник ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните предели. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветар, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар. Понекаде ке достигне и со брзина до 50 км/ч. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни ке се движат од 19°C до 28°C.

Во среда претпладне ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, попладне постепено разведрување. Ке дува ветар со променлив правец. Утринските температури ке се движат од 6°C до 15°C, а максималните дневни од 20°C до 29°C.

Од четврток следува период на сончево и стабилно време но со пад на утринските температури.

Во Македонија во четврток ке биде сончево и топло. Слаб ветар. Утринските температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни ке достигнат до 21°C односно до 28°C.

Во петок ке биде сончево и топло. Слаб променлив ветар. Утринските температури ке се движат од 6°C до 15°C, а максималните дневни од 21°C до 28°C.

И во деновите од викендот ке продолжи сончевото и топло време. Слаб ветар. Утринските температури ке се движат од 4°C до 15°C, а максималните дневни ке достигнат до 20°C односно до 27°C.

weather4all

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1