Германски државјанин Хедрик Б. (81) починал денеска во авион на Ер Србија, кој летал од Штутгарт, пишува „Блиц“.
Тој починал десетина минути пред да слета авионот, а првите впечатоци укажуваат дека се работи за природна смрт.
На германскиот државјанин најпрво помош му пружиле персоналот во авионот, но нивните обиди да го реанимираат не биле успешни.
Телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.