Прилепчанецот Сашо Бојоски возач на џипот Сузуки, се спаси откако воден бран го однесло теренското возило по реката под браната на вештачкото езеро, пренесув Шеталиште.
При обид да ја премине реката, надојдената вода го поткопала дното на коритото и го однесла џипот заедно со возачот десетици метри низводно, првин шантрајќи го возилото, а потоа и превртувајќи го неколку пати.
Бојоски успеал да излезе од џипот преполн со вода, додека брзата вода го носела џипот како хартија..
– Возилото за еден миг стана чамец без контрола, водата ми стигна до стомакот, вратата заглави, па успеав некако да го отворам прозорецот и да рипнам во водата која ме носеше десетици метри. Сум имал к’смет оти се снајдов, инаку наместо возбуда од возењето по каливите терени, ќе направев трагедија – изјави Бојоски.
Погледнете го видеото:
Извор: Зенит