Французинката Сандрин Бранши Емелин, на која заедно со сопругот Себастијан Бранши Мишел и ќерката Улијет Кристел и се суди пред Специјалниот суд поради обид за киднапирање на тригодишната Маша Пренковиќ, се обидела пред неколку дека да изврши самоубиство во Централниот затвор, така што со жилет си ги пресекла вените.
Обидот за самоубиство се случил во затворската болница каде Сандрин Бранши била сместена откако паднала во несвест и ја повредила главата во текот на шетањето во затворскиот круг.
Откако и е укажана помош во затворската болница, Сандрин Бранши таму успеала да украде жилет со кој потоа си ги исекла вените.
Сознанијата на „Блиц“ ги потврди адвокатката Ирина Боровиќ која е бранител на обвинитетите Французинки.