ДУИ ги поднесе листите за кандидати за пратеници до ДИК


Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе листи на кандидати за пратеници за сите девет изборни единици, шест во Македонија и три во дијаспората.

ahmeti_664262149Првпат за овие парламентарни избори партијата има кандидати и за третата и за четвртата изборна единица.

Носител на листата во првата изборна единица е Ермира Мехмети, а веднаш зад неа е Рафиз Алити.

Во втората изборна единица, носител на листата е Реџаил Исмаили, а во третата, Беџихудин Шехаби.

Носител на листа во четвртата изборна единица е координаторот на досегашната пратеничка група, Неџати Јакупи.

Во изборната единица број 5, носител на листата е Муса Џафери, а зад него е Рамиз Мерко.

Партискиот лидер, Али Ахмети, ја предводи листата во шестата изборна единица, а по него е Хазби Лика.

Талат Џафери е на четвртата позиција на оваа листа, а Џеват Адеми на петтата.

На полноќ завршува рокот за поднесување на листи за кандидати на пратеници за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1