Двајца мажи од Косово силувале 13 и 14 год девојчиња во Улцињ


 

Двајца мажи од Косово се уапсени под сомнение дека силувале две малолетни девојки во Улцињ. Девојките биле дел од школска тура на одмор во летувалиштето, едната е од Германија, а другото девојче од Полска

Наставничката задолжена за нив го пријавила исчезнувањето на девојчињата уште вечерта, но биле пронајдени дури наредниот ден.

Уапсени се 33 годишниот Н.Б од Косовско поле и 20 годишниот С.Б од Приштина. Двајцата според сведочењето на девојчињата им пришле на малата плажа во Улцињ и им се понудиле да ги одведат на пијачка. Ги одвеле во дискотека им дале алкохол по што ги однеле во изнајмена соба во населбата Џеране каде ги силувале.

Н.Б ја силувал 13 годишната германка, а С.Б 14 годишното девојче од Полска, која моментално живее во Германија.

Двајцата кога виделе дека се дознало за нападот сакале да пребегаат од црногорската територија на Косово, но биле препознаени од пограничната полиција и уапсени.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1