Елиса Бонд ( 39 ) од Бруклин ја изгубила тригодишната битка со рак на дојка. Нејзиниот сопруг , Натан пак се соочува со трети фаза на рак на цревата . Плодот на нивната љубов е четири годишната ќерка за која велат единствено вредело да се борат против лошата судбина која ги снашла.
Не бевме подготвени за ваков удар. Ја немавме обезбедено ќеркичката. Кога дознавме дека имаме рак објацата таа имаше само 18 месеци, тоа беше огромен удар за нас. Немавме многу пари а дилемата беше дали да ги даваме на лечење или да дигнеме раце и да и оставиме на ќерката барем нешто. Но сакавме и да ја пораснеме – барем малку, барем да не памети – напишале Елиса и Натан на сајтот кој го отвориле преку кои ги молеле добрите луѓе да донираат колку можат.
– Таа се бореше до крај со сила и достоинство – напишал Натан, соопштувајќи дека неговата сопруга починала и ја загубила битката со ракот.
Г-ѓа Бонд боледува од рак 2011 кога нејзината ќерка беше 18 месеци. Наскоро и Натан дозна дека боледува од рак на дебелото црево . Лекарите им рекле дека нивната болест е неизлечива и ќе живеат најдолго пет години.
Поради болеста мораше да ја напуштат и работата, Елиса работела како агент за недвижности, и Натан бил сликар.
Да ги издржат трошоците на лекувањето , започнаа веб-сајт “Тим Бонд “, каде што тие се собирале донации од семејството, пријателите и сите луѓе кои сакаа да им помогне.
По осум месеци од откривањето болести Елиса објави дека зрачењето дало резултати. Но радоста беше краткотрајна. Болеста се врати и во јануари 2013 година. го зафатила и мозокот.
– Престрашена , лута , тажна, загрижена , но сепак позитивна – напишала тогаш Елиса .И покрај сите обиди таа не успеала да ја победи болеста и починала
Оваа жена ја изгуби битката со ракот , нејзиниот сопруг продолжува. Од лансирањето на страницата има собрано околу $ 25.000. Натан рече декакога ќерката го прашува што е рак и одговара. Тоа е ќерко кога и во најлошите работи има простор за хуманоста и човечката добрина, заблагодарувајќи им се така на сите кои ги поддржуваа.