Изминативе два дена се поднесени пријави за три исчезнати лица во Скопје. Македонската полиција трага по две млади женски лица на возраст од 17 и 22 години, како и по 62-годишен маж.
На 23.10.2015 година во 17,00 часот во полициската станица Аеродром, З.Д.(49) од Скопје, пријавил дека на 20.10.2015 година во 15,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка И.Д.(22).
На 24.10.2015 година во 04,30 часот во полицијата на Бит Пазар, З.Ќ.(30) од Скопје, пријавил дека на 23.10.2015 година во 10,00 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко З.Ќ.(62).
На 22.10.2015 година во 22,00 часот во ПС Чаир, социјален работник вработена во ЈУЗДВ„Дом 25-ти Мај“, пријавила дека на 20.10.2015 година околу 12,00 часот од непознати причини од Домот се оддалечило 17 годишно женско лице.