Две експлозии на аеродромот во Брисел – има мртви и повредени


На бриселскиот аеродром денеска беа регистрирани две експлозии. Според првичните информации неколку луѓе се повредени, а сите летови се откажани на неодредено време.

За време на експлозијата на аеродромот бил и новинарот на Скај њуз Алекс Роси.1brisel-aerodrom

– Бев во фри шопот и слушнав две многу силни експлозии. Почувствував како зградата се тресе. Имаше многу прашина и дим. Тргнав кон местото од каде што се слушна експлозијаата, луѓето излегуваа надвор. Изгледаа зашеметено и шокирано. Тука сите мислат дека станува збор за терористички напад, но се уште нема официјална потврда, вели Роси.

Белгиското радио известува за најмалку две жртви.

Целиот аеродром е блокиран, сите авиони кои се на пат за Брисел се преусмеруваат кон Антверпен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1