Голем број противпожарни возила го гаснат големиот пожар што ја попладнето во вторник изби на покривот од главната зграда на Македонски пошта во центарот на Скопје, кој според непотврдени информации е предизвикан од експлозија на плинска боца, јавува репортерот на Макфакс
Две лица се префрлени во болница поради вдишување чад од пожарот кој настана кај Македонки пошто во центарот на градот
Се слушаат експлозии од внатрешноста на објектот.
За среќа, вработените биле евакуирани на време.
Крстосницата кај централната зграда на Македонски пошти е затворена за сообраќај, и местото го обезбедуваат бројни полициски екипи со повеќе возила, а на теренот се присутни и возила на Брзата помош.
Сé уште нема информации за повредени или жртви во огнената стихија којашто избувна малку по 16,30 часот, рекоа за Макфакс извори од Министерството за внатрешни работи. На местото на инцидентот пристигна и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Според неофицијални информации од очевидци, попладнево се слушнала експлозија. Најверојатно станува збор за експлозија на плинска боца, рекоа за Макфакс лица кои биле присутни на местото кога избувнал пожарот.
Макфакс