Две лица се во болница – Експлозија на плинска боца ја запалила пошта?


Голем број противпожарни возила го гаснат големиот пожар што ја попладнето во вторник изби на покривот од главната зграда на Македонски пошта во центарот на Скопје, кој според непотврдени информации е предизвикан од експлозија на плинска боца, јавува репортерот на Макфакс

pozar

Две лица се префрлени во болница поради вдишување чад од пожарот кој настана кај Македонки пошто во центарот на градот

Се слушаат експлозии од внатрешноста на објектот.

За среќа, вработените биле евакуирани на време.

Крстосницата кај централната зграда на Македонски пошти е затворена за сообраќај, и местото го обезбедуваат бројни полициски екипи со повеќе возила, а на теренот се присутни и возила на Брзата помош.

Сé уште нема информации за повредени или жртви во огнената стихија којашто избувна малку по 16,30 часот, рекоа за Макфакс извори од Министерството за внатрешни работи. На местото на инцидентот пристигна и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Според неофицијални информации од очевидци, попладнево се слушнала експлозија. Најверојатно станува збор за експлозија на плинска боца, рекоа за Макфакс лица кои биле присутни на местото кога избувнал пожарот.

Макфакс

Видео – Поштата во пламен – пожарот се шири

ФОТО: Гори поштата во центар на Скопје

Вработена во Пошта преку прозорец спасена од пожарот
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1