Двоен шведски убиец сака да биде психотерапевт


Двоен шведски убиец времето во затвор го минал учејќи – завршил два факултетска, добил дипломи, а му била ветена и работа во некоја институција за психички болни.

Тој бил осуден за двојно убиство во Вестервик, извршено во 1998 година, на казна доживотен затвор. Може да биде условно ослободен во 2016 година, откако Општинскиот суд во Оребро временски ја ограничи казната. Изјавил дека негова цел е да биде психотерапевт, пишува шведскиот весник „Вестервикс-Тиднинген“

Убиствата се опишани како погубување – чиста ликвидација, а осудениот сторител во текот на истрагата бил нарекуван како „примерен затвореник“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1