Џоковиќ и Федерер крадат пешкири од Вимблдон


Кога ќе се спомне името Вимблдон, тоа представува традиција, класа и строги правила. Но, во последните неколку години работите се сменија, па сега организаторите имаат сериозен проблем со поткопување на дисциплината и правилата.

Не се паничете, не е во прашање дрога, алкохол или тепачки, во прашање е кражба на пешкири.

Пешкирите од Вимблдон во слободна продажба вредат по 33 евра секој, но тенисерите, и тоа најголемите ѕвезди си ги носат дома бесплатно. По неколку турнири, организаторите забележале дека голем дел од пешкирите со знакот на Вимблдон недостасуваат, па затоа под лупа ги ставиле најголемите ѕвезди. Новак Џоковиќ, Рожер Федерер, Енди Мареј и остатокот од елитата после секој натпревар на специфичен начин се обидувале да ги земат пешкирите.

Додека Рожер ставал по два во торбата, а Новак не се ни обидувал да ги сокрие, Мареј ги фрлал во публиката.

Кога организаторите ги замолиле да престанат да го прават тоа, и ги прашале што прават со пешкирите, Новак одговорил дека му се допаднале боите, Рожер дека ги поклонувал на пријателите во Швајцарија, а најоргинален бил Мареј кој изјавил дека му било интересно да ги гледа гримасите на организаторите додека ги фрла пешкирите во публика.

Акил Гиндал, директор на индиската текстилна компанија „Велспун“, која од 2008 ги прави пешкирите за турнирот, истакна дека има две врсти на пешкири, машки и женски. На машките дизајнот се менува на секои 3 години, додека на женските, секоја сезона.

Tags: , , , , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1