Кражба во куќата на Киро Глигоров


Две лица се обиделе да провалат во куќата на поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров. Полицијата околу 14:30 привела две лица кои неовластено се обиделе да влезат во куќата на поранешниот претседател Киро Глигоров, дознава порталот Максим од извори во МВР.

Се работи за две малолетни лица од Ромска националност. Задржани се полициската станица Центар.

Куќите на поранешните претседатели се на мета.

Годинава во март беше ограбена куќата на Претседателот Борис Трајковски.

Крадците однесоа накит, пари и лап-топ. Кражбата се случи на улицата Салвадор Аљенде во Скопје додека сопругата на Трајковски , Вилма и децата не биле дома. Крадците го украдоа целиот накит на сопругата на претседателот меѓу кои и  две бурми, обетки од “Сваровски“, колекција на Охридски бисери.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1