Еболата дојде на Балкан – случај во Словенија


Во Клиничкиот центар во Љубљана е хоспитализирано лице со сериозни симптоми на ебола, соопшти денеска директорот на љубљанската Инфективна клиника, Франц Стрле.ebola-lek-652x320

На прес-конференција во Љубљана, Стрле нагласи дека станува збор за словенечки државјанин, кој пред враќањето во татковината престојувал во една африканска држава каде еболата е се уште активна.

Примероци од пациентот, кој бил хоспитализиран вчера со висока температура и други симптоми на еболата, се испратени на анализа. Првичните резултати од анализата се можни уште во текот на денов, а конечните ќе бидат познати за неколку дена.

Како што јави ФЕНА, ова е прв серозен сомнеж за можна појава на ебола во Словенија, по неколкуте „лажни“ сомнителни случаи кон средината на минатата година.

Според Стрле, здравстевната состојба на пациентот во моментов се оценува како добра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1