Еден убиен кај Табановце, тројца ранети – сите мигранти


Едно лице е убиено, а најмалку едно лице се здоби со прострелна рана при престрелка што се случи на влезот од селото Табановце доцна синоќа, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

policijaКако што информираат од полицијата, селаните од Табановце околу 2 часот вечерта пријавиле тепачка меѓу две групи, за кои се претпоставува дека се мигранти. По пристигнувањето на полицијата на местото, било пронајдено едно мртво тело, а повредениот со прострелната рана е пренесен во Клинички центар во Скопје каде што во моментот е во шок-соба.

Од болницата во Куманово кратко ни потврдија дека ноќеска е донесен најмалку еден повреден од инцидентот без да посочуваат детали.

Од Ургентен центар во Скопје, како што пренесува Телеграф.мк , потврдуваат дека утрово од болницата во Куманово се пренесени две лица со полесни повреди. Во моментов се вршат медицински опсервации по што треба да следат дијагностички иследувања за да се утврди нивната состојба. Од таму најавуваат детали за подоцна.

Засега сe` уште не се знае идентитетот на повредените и убиениот, неофицијално едното лице е од Бангладеш. Полицијата врши увид на самото место и повеќе детали се очекуваат во текот на денов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1