Украдени цели тенкови од Мауцкер кај Охрид


tenk-t34-foto-srwikipediaorg-1362567945-278123

Викендов тенковите кои се наоѓаа на стрелиштето Мауцкер на самиот влез во Охрид биле уркадени.

Два камиони пристапиле на локалитетот , а работници ги сечеле тенковите кои се користеле на стрелиштето и ги товареле во камионите, најверојатно за потоа да ги продадат како старо железо, јавува Охрид1.

Од ЈП Охридски Комуналец ( кој на Мауцкер има депонија за градежен шут ) утрово ја информирале полицијата дека некој ги сечел и украл тенковите.

Полицијата започнала истрага околу оваа несекојдневна кражба на тенкови.

Охрид1

Обновено

Охридската полиција спречи кражба на делови од макета на тенк кој потекнува од времето на ЈНА, во месноста Мауцкер, на имот кој е предмет на денационализација. На лице место биле затекнати две лица како се обидуваат да натоварат делови од тенкот во товарно возило. Деловите им биле одземени и пренесени во просториите на чуварската служба на локалитетот.

Ова е втор обид за кражба на делови од старото оклопно возило кое повеќе од три децении е оставено на забот на времето. Исто така пред изведен период биле затекнати две лица како вршат оштетување на тенкот. И во тој случај деловите кои биле издадени од тенкот биле одземени од страна на полицијата.

За случајот СВР Охрид се обратил до АРМ од каде била добиена информација дека стариот тенк не се користи од војската во никакви цели.

Со цел да се спречи натамошно оштетување на старото воено орудие и други добра на просторот на Мауцкер од СВР Охрид најавуваат дека ќе ја засилат контролата на тој простор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1