Специјалист по медицинска хемија од штипската клиничка болница заминува за странство. Таа е единствениот лекар со ваква специјализација. Иако станува збор за исклучително редок кадар, од раководството на болницата информираат дека проблеми со недостаток на специјалист во лабораторија нема да има.
Законот предвидува дека верификација на резултатите од крвната слика може да прави и дипломиран фармацевт. Се додека не се изнајде соодветен кадар, резултатите ќе ги чита фармацевтот кој работи во болничката аптека.
Иако законот дозволува во лабораторија да работи и фармацевт, Стојановски вели дека сега со новите специјализации кои ќе треба да ги одобри министерството за здравство, ќе бараат и специјалист по медицинска хемија.
Во тек е процедура за акредитација на лабораторијата, со што ќе се овозможи резултатите да бидат валидни и во странство.
Iris.mk