Малолетник од Кичево случајно ја повредил својата едногодишна сестра со пиштол во пределот на десната натколеница.
Во средата околу 12.30 часот во семејна куќа, седумнаесетгодишникот додека играл со пиштолот на татко му, којшто го поседувал со дозвола, во еден момент испукал еден куршум и го повредил девојчето во десната натколеница.
Девојчето со прострелна рана било пренесено во Медицинскиот центар во Кичево, од каде го пријавиле случајот во полиција. Поради сериозноста на повредите девојчето било пренесено во Ургентниот центар во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.