Екс градоначалник и директор претепал вработената зошто сакала да оди дома во 4 наутро


Ди­рек­то­р на скопско јавно претпријатие и поранешен градоначалник минатиот месец претепал вработена во еден од хотелите со кои стопанисува претпријатието, пишува Вест.

25-го­диш­на­та Љ.Б. работела во бифето на хотелот, околу четири часот по полноќ, повеќето гости го напуштиле рес­то­ра­нот, останал само директорот и неговите пријатели. Девојката бидејќи цел ден бил на сме­на, му приш­ла да го праша дали може да заврши со смената.

“Ве­ќе беше доцна, и му пријдов на директорот да го прашам дали можам да се пов­ле­чам во собата, бидејќи наредниот ден во 8 часот почнуваме со работа. Беше под деј­­ство на алкохол и најпрвин ми рече да се тргнам од неговата маса. Кога го прашав да­ли тоа значи дека можам да завршам со работата, ме фати за рака и ме изнесе над­вор, во дворот на хотелот.

Веднаш почна да вика и да ми се обраќа со погрдни збо­ро­ви. Ме стискаше по рацете, кои потоа цели ми беа модри. Почна да ме ку­бе по косата и уште двапати да ми удри боксови во глава. Во еден момент ми удри бокс во главата, по што паднав на земја и се онесвестив. Цело време викаше: ‘Да не си влегла сега веднаш внатре, поседи малку надвор, и ако ка­же­ш некому за ова, ќе те убијам'”, раскажала за Вест 25-го­диш­на­та Љ.Б.

Де­вој­ка­та успеала од споредниот влез да се качи во нејзината соба имала вртоглавица и повраќала по што се јавила кај родителите. Во болница било утврдено дека има потрес на мозокот, проб­ле­ми со слухот, случајот го пријавиле и во полиција.
Ди­рек­то­рот и ексградоначалник тврдел дека изјавата на неговата вработена е ла­га.
и дека намерно смилсила приказна за да го извалка неговото име пред локалните избори.
Од МВР потврдиле дека е поднесена пријава против директорот за физички напад и се работи на расветлување на слу­чајот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1