Екстрадиран македонски државјанин осомничен за настаните во „Диво Насеље“


Од Република Србија е екстрадиран македонски државјанин осомничен за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам” поврзани со настаните во „Диво Насеље“, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.apsenje lisici policija

– Кон крајот на октомври минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка​, надлежниот јавен обвинител имаше издадено наредба за спроведување на истражна постапка​ за уште тројца македонски државјани што во тој момент беа недостапни на органите на прогонот, се вели во соопштението од Обвинителството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1