Епидемија од овчи сипаници во Прилеп


Според податоците од Центарот за јавно здравје од почетокот на годинава до денес регистрирани се 786 заболени лица што е безмалку 20% од досега евидентираните околу 4.000 случаи на варичела во целата држава поради што во Прилеп е прогласена епидемија на овчи сипаници или варичела.

Најмногу случаи имало во мај, 177 во јуни, а досега во јули месец евидентирани се 58 случаи на варичела што наведува на очекување дека интензитетот ќе се намалува.

Според податоците во последните две години бројот на заболени во Прилеп се движи од 401 во 2010 година и 456 случаи минатата 2011 година, а досегашните 786 случаи претставуваат безмалку двојно зголемување и тоа на половина од годината.

– Најголем број од заболените -85% се деца до 14 години, а поголем дел од нив се деца на возраст од 5 до 9 години. Ова заболување е карактеристично и едно од најчесто регистрираните кај децата на училишна возраст. Компликациите се ретки и најчесто заболуваат децата додека возрастите заболуваат многу поретко затоа што стекнале имунитет во детството, изјави епидемиологот Татјана Мургоска-Станимировиќ.

Најдобра мерка е излолацијата препорачуваат епидемиолозите на заболените во периодот на инкубација, а се очекува намалување на бројот на заболени со оглед на тоа дека во тек е летниот распуст на учениците, а се намалува и бројот на деца кои во овој период од годината посетуваат градинки со што ќе се намали респираторниот контакт како главен пат на пренесување на вирусот.

Изминатите години во Македонија се евидентираат од 6 до 7 илјади болни годишно што е бројка која земјава по бројот на заразени ја става на средина на листата на европските земји.

Оваа болест веќе 20 години е на 2-ро место на најчести заболувања по ентероколитисот.

Засега кај нас нема вакцина, која инаку е воведена во повеќе европски земји и САД каде ќе се чекаат нејзините ефекти.

Сепак постојат одредени дискусии оваа вакцина да се воведе и во Македонија.

 

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1