Видео: Феминистка во Украина со голи гради нападнала патријарх


Украинска феминистка со голи гради и со заканувачки пораки испишани на телото, се обиделе да се нафрли на патријархот на руската православна црква во знак на протест поради наводна „антиукраинската“ политика на Кремељ и црквата.

Демонстрантката припаѓала на контраверзната украинска група Фемен која се бори за женските права.

Таа успеала да му се приближи еден метар на рускиот патријарх на киевскиот аеродром, но обезбедувањето и свештениците на патријархот успеале да ја запрат.

Активистката на својот грб со големи и црни букви имала напишано „смрт за Кирил“ (патријархот) и извикувала „Кириле, оди во пеколот“.

Таа веднаш била претворена но подоцна била ослободена без да биде покренато обвинение.

Патријархот Кирил го игнорирал настанот и продолжил да им дава изјава на новинарите за неговата посета на Украина.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1