Фото: Зет и невеста добиле ќотек од полиција на свадбата – Нови Сад


Брачниот пар Радојевиќ – Марко(33) и Сузана (32), свадбата ја минале во полициска станица. Полицијата ги качила младоженците во полициско комбе, невестата во бела венчаница,зетот во одело, и ги одвела во полициската станица во Нови Сад.

Иако било после еден часот по полноќ во ресторанот немало музика а младенците на врата ги испраќале гостите. Зошто дошла полицијата во ресторанот ,, Фуџи галерија,, за време на свадбата не се знае. Бидејќи кога дошла полицијата свадбата веќе била завршена и младенците се спремале да си одат на прва брачна ноќ.

Младоженецот сакајќи да му помогне на газдата да не добие пријава се обидел да им објасни на полицајците дека се разлекло испраќањето на гостите, но забавата завршила навреме во 1 часот според закон.

Но полицајците не сакале да чујат и му пишале пријава на сопственикот на рсторанот. Тврделе дека некој од станарите се жалел на гласна музика.

,, не се одзваа на моето и молењето на невестата да не ни го расипуваат свадбениот ден, но не им беше гајле,, вели младоженецот. Дека се било како тој вели докажуваат и снимките од безбедносните камери на ресторанот.

,, еден од нив со пендрек во рацете тргна накај нас и пред невестата ми удри два шамара. Таа ги молеше да престанат, викаше и застана меѓу нас за да го спречи инцидентот,, раскажува зетот.
во целата гужва и бламот да му удрат шамар пред невестата на нивната свадба зетот опцул. Полицајците чуле и како криминалци ги внеле во возилото.

Во станицата ги задржале кратко – најверојатно командирот беше добар човек и кога видел дека од свадба не привеле веднаш не пуштија, вели зетот.

Брачниот пар и сопственикот на ресторанот најавија тужба против полицајците.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1