ЕТ остана без „татко“


Творецот на еден најпопуларните вонземјански филмски ликови, Карло Рамбалди, почина на 86 годишна возраст. Трикратниот добитник на Оскар за специјални ефекти, го заврши својот живот во болницата во Калабрија.


„Изгубивме еден од меѓународните филмски легенди, маѓионичар за специјални ефекти“, изјави Марио Калгури, задолжен за културата во областа Калабрија.
Рамбалди е роден во 1925 година, во Италија. Кариерата ја започнал во 1956 година. Изградил змеј долг 16 метри за филмот „Зигфридо“, чиј режисер бил Џакома Џентилома По работата со познати режисери, Карло зачекорил во холивудскиот свет, каде што бил водечки експерт за мехатроника – изработка на специјални ефекти во комбинација на механика и екектроника. Рамбалди работеше со најголемите филмски творци во изминатите децении, меѓу кои и Стивен Спилберг, Ридли Скот и Дејвид Линч.

Првиот оскар го добил во 1976 година, за специјалното достигнување Кинг Конг. Следуваа два оскари за специјални визуени ефекти, најпрвин во 1979 година, за креирање на ликог во научнофантастичниот хорот на Ридли Скот, „Осмиот патник“, а потоа и во 1982 година, во митското дело на Стивен Спилберг „ЕТ“.
Во филмската браша важеше за вистиски занаетчија, затоа што со својата скепса ја гледаше компјутерската техника која денес го освојува полето на специјални ефекти.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1