ЕУ потврди: Во петок во Виена ќе има лидерска средба


Европската комисија предмалку и официјално потврди дека е испратена покана до лидерите на четирите најголеми политички партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, за организирање лидерска средба во петок во Виена заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако претходно само потврди дека „Хан е заинтересиран за итна средба“, Маја Коцијанчиќ, портпаролката на еврокомесарот Хан, сега потврди нова лидерска средба в петок со посредство на Еворпската унија во главниот град на Австрија.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

– Делегацијата на ЕУ во Скопје испрати писмо-покана во име на тројцата европратеници за средба на комесарот Хан со политичките лидери на земјата, што ќе се одржи во Виена во петокот на 22 април. Целта на состанокот ќе биде да се разговара за начините за решавање на кризата и да се осигура дека лидерите ќе продолжат со спроведување на договорот Пржино и со реформските приоритети, исткана Коцијанчиќ за МИА.
Исто така, гласноговорничката на Европската унија потврди дека поради последното влошување на настаните во Република Македонија, „комесарот Хан е подготвен да се види со лидерите во краток рок“ и дека „тие мора да покажат подготвеност да ја донесат нивната земја назад на евроатлантскиот пат“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1