“Skyfall”, е насловната песна на новиот, Џемс Бонд филм, а ја изведува Адел. Премиерно песната е пуштена на полноќ на 50-от роденден на агентот – 5 октомври 1962 година по прв пат е прикажан “Dr. No”.
Песната ја напишале Адел и продуцентот Пол Епсворт, снимена е во митското Еби Роуд студио со помош на симфониски оркестар.
Бонд филмовите имаат најдолговечната франшиза во историјата на седмата уметност со 23 снимени филмови. Тајниот агент 007 го играа Шон Конери, Роџер Мур, Џорџ Лезенби, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крејг, кој ќе го игра Бонд и во новиот филм „Skyfall“.
Најновата авантура на овој агент се вика Skyfall и ќе се појави на 26 октомври во Велика Британија и 9 ноември во САД.