Македонската Радио Телевизија во специјално издание на музичкото шоу „Хит на месецот“ ја претстави евровизиската песна „Таму кај што припаѓам“, со која Тијана Дапчевиќ ќе настапи на 59-тото издание на Изборот на песна за Евровизија.
Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров ги подготви и аранжманот и продукцијата. Текстот за македонската верзија го изработи Елена Ристеска, додека за англиската верзија со наслов „To the Sky“ се погрижија Елена и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.