Ѓоргe Иванов повторно кандидат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Голем број врвни македонски интелектуалци, академици, професори, лекари, свештени лица, уметници, спортисти се потпишале на Иницијативата која ќе биде упатена до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која се бара повторен избор на актуелниот претседател на РМ, објави ТВ Канал 5.

ivanovСпоред информациите на телевизијата, водејќи се од општествениот и државниот напредок на Македонија на полето на културата, уметноста, образованието, здравството спротот, потписниците на Иницијативата бараат Конвенцијата на владејачката партија да му даде безрезервна поддршка на Иванов. Иницијативата тргнува од фактот што актуелниот претседател е најголем поддржувач и чувар на вредностите кои се носечка сила на македонската државност.

Извори во Иницијативата велат дека личноста и неговите активности во последните пет години како на чело на државата се доволна причина тие да го стават својот потпис на Иницијативата.
Неговата богата меѓународна активност за промоција на Македонија и националните и државни интереси и неговите настапи во ОН, Советот на Европа, и други меѓународни институции и организации не уверија дека тој е вистинскиот кандидат кој што и во наредните пет години достојно ќе ја претставува РМ во светот, велат дел од потписниците.

Со своите активности на домашен план претседателот Иванов докажа дека со умерена политика може да се биде фактор на стабилност, потенцираат дел од потписниците според кои блиските контакти што Иванов ги има со припадниците на сите општествени слоеви во македонското општество е гаранција дека тој и во иднина ќе ја врши својата функција успешно.

Фактот што над 60 насто од граѓаните имаат доверба во него, а 74 проценти од граѓаните сметаат дека Иванов е политичар кој чесно ја извршува својата функција, ги елиминира сите дилеми кои треба во наредните пет години да ја води РМ, сметаат дел од потписниците.
Тие се уверени дека во периодот кој следува личност од негов калибар кој има стабилизирачко влијание на политичките, верските, дипломатските , економските и другите односи во земјата и надвор од неа ќе биде од голема корист за националните и државните интереси.
На иницијативата меѓу другите досега се потпишале професорот и диполомат Љубиша Георгиевски, сопругата на починатиот претседастел Борис Трајковски, Вилма, академиците Цветан Грозданов, Томе Бошевски, докторите Аспасија Софијанова, Александар Ќараѓозов, Борче Георгиевкси, Марија Хаџи Лега, Андон Чибишев и Звонко Миленковиќ.

Својот потпис на иницијативата го ставиле и ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методијј, професорот и дипломат Јордан Плевнеш, владиците Агатангел и Пимен, како и оџата Зекир Садикоски.Меѓу потписниците се и спортистите Индира Кастратовиќ и ракометарот Наумче Мојсовски.Од уметниците својот потпис за Иванов го ставиле сценаристот Братислав Димитров, режисерот Дејан Пројковски и други.

Засега нема точна информација колкав е бројот на потписниците на петицијата за поддршка за претседателот Иванов затоа што постојано се јавуваат нови луѓе коишто сакаат да се потпишат на Иницијативата, велат делод потписниците кои први го дале својот потпис, објави Канал 5.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1