Еве како да ја тргнете „Seen“ пораката на Facebook


Сигурно барем еднаш сте се нашле во ситуација да не сакате личноста со која разговарате да види дека ја имате прочитано пораката која ви е пратена заради одредена причина. Доколку сакате личноста со која разговарате да не добива известување дека ја имате прочитано нејзината порака, порталот IT.com.mk пронајде 4  решенија за тоа:

facebook-apFB Unseen е екстензија за Chrome која ја блокира адресата преку која Facebook детектира дали пораката е прочитана или не.

Напомена: Доколку ја инсталирате екстензијата можно е сите ваши пораки да бидат означени како непрочитани, а пораките ќе останат непрочитани се додека не им одговорите или не ги означите како прочитани. Исто така, има и реклами, но истите може да бидат блокирани доколку користите AdBlock Plus.

Unseenly е Facebook апликација која го користи Graph API-то на Facebook за да пристапи до вашите пораки и да ја отстрани Seen пораката. Оваа решение е добро доколку не сакате да користите додатоци на вашите прелистувачи или пристапувате од повеќе уреди.

Уште една екстензија за Chrome која ги блокира “Seen” пораките и известувањето дека пишувате одговор.

AdBlock Plus е екстензија која најчесто се користи за блокирање на реклами, но со можноста на сопствените филтри можете да блокирате и друг вид на барања. За да ја отстранете “Seen” пораката, како филтер додадете ја адресата: facebook.com/ajax/mercury/change_read_status.php$xmlhttprequest или facebook.com/ajax/mercury/change_read_status.php (оваа адреса всушност се блокира со првото предложено решение)

ИТ.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1