Еве како лесно да ги исчистите мрсните тавчиња без хемикалии


Исчистете еден компир од средна големина. Исечете го на половина и натопете една половина во сода бикарбона.

Следно, тријте ја таа половина, како сунѓер, на дното на тавата или тенџерето. Треба да триете малку посилно, и резултатот ќе биде видлив веднаш.

Неопходно е периодично да ги менувате парчињата на компир, или, повремено да го отсечете извалканиот дел. Исто така, натопувајте го во сода бикарбона почесто, бидејќи маснотијата всушност, е чистена од комбинацијата на сокот од компирот и сода бикарбоната.How-to-Clean-Your-Pots-and-Pans-of-Burnt-Grease

2. Користете кесичка чај за да ги исчистите мрсните страни на садот

Земете сува, неискористена кесичка чај, и само поминете преку внатрешниот ѕид на садот, кој има остатоци од мрснотија. Веднаш ќе забележите дека маснотијата се разложува, како да е апсорбирана од кесичката чај. Две до три кесички чај и кажете „збогум на маснотијата“. За таа намена, купете го најевтиниот чај.

3. Отстранете ја мрснотијата од надворешната страна на садот готвејќи го садот во сода бикарбона

Земете поголемо тавче од она кое треба да го чистите и ставете 4-5 лажици сода бикарбона и додајте вода. Помалото тавче ставете го внатре и гответе околу 30-50 минути. Потоа само избришете ги маснотиите. За овој метод не ви е потребен никаков физички напор, но потребно е време за негово извршување. Ако имате време, тоа е најефикасниот начин на елиминирање на старите закоравени масти од сите видови садови за готвење. На овој начин, можете да ги отстаните маснотиите од вилушките, лажиците, капаците и други предмети.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1