Започнува организацијата околу расчистување и реконтрукција на изгорениот манастир Трескавец.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, ги повика сите добронамерници кои сакаат да помогнат во расчистувањето, за поголема успешност и организираност на акциите, своето учество да го пријават на телефонскиот број 076/425-102 или на електронската адреса [email protected].
Сите сопственици на теренски возила кои сакаат да се вклучат во акцијата, можат да се пријават на истиот телефонскиот број и на истата електронска адреса.
Поаѓањето за неделната работна акција е во 7 часот, пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, а организираните групи ќе ги придружуваат и планинарите