Фенг шуи техниката тврди дека со мало разместување во домот и ускладување на енергиите ќе си обезбедите подобра финансиска состојба. Еве што треба да направите.
За да го привлечете постојаниот прилив на пари во југоисточниот дел ставете водени симболи. Пример во дневната соба можете да ставите слики и фотографии на кои се прикажани водени мотиви. Фенг шуи верува дека водопадите најмногу носат парите, па обавезно купете си слика со водопади. Ако не ви се фрлаат пари ставете некој сад со вода или малечка фонтана.
Аквариум со златни риби е идеален за привлекување на богатството. Најдобро е да имате 9 риби од кои едната ќе биде црна бидејќи симболички ќе ја апсорбира секоја негативна енергија.
Но немој никако да претерате со водени симболи, бидејќи ќе ја нарушите рамнотежата и пари нема да добиете.
Купете си растенија – Добри се оние кои имаат листови во вид на круг, ставете ги во југоисточниот дел на вашиот дом – ако имате кактуси или растенија со шпицести лисја фрлајте ги – фрлете го и сувото цвеќе и сувите гранки не се пожелни, бидејќи емитуваат мртва енергија и привлекуваат лоша среќа.
Цвеќето мора да го вадите, а ако почне да се суши, одма фрлете го тоа и купете ново.
Ако сакате пари кушете си желка– Во северниот дел на вашиот дом пожелно е да имате желки кои се симбол на среќата и богатството. Ако несакате живи може да бидат и фигури на желки. Никогаш во пар, бидејќи единицата е број кој му одговара на северот. Значи ЕДНА ЖЕЛКА.
Парички – Три парички со различен облик со отвор во средината и поврзани со црвена лента, се сметаат за мошне среќен симбол, а најдобро е да ги носите со вас, во вашиот паричник.
Според Фенг шуи ова не смеете да го правите инаку парите ќе ви излезат од дома:
Никако вода во спалната соба – ќе изгубите пари и ќе се карате со партнерот.
Не поставувајте водени аранжмани од десната страна на вратата (десна страна кога гледате надвор) – тоа донесува неверство, најчесто од страна на мажите.
Не поставувајте симболи на водена енергија под скалите – лошо се одразува на финансиската состојба на децата во семејството.
Извор – themen.com