Мобилниот телефон го зголемува ризикот од рак на мозокот за дури 290 проценти!


Колку долго или кратко ги користиме мобилните телефони свесни сме за нивните потенцијални штети. А колку всушност се тие штетни дознаваме од најновото истражување.

Во неодамнешна студија спроведена на Универзитетот Оребро во Шведска откриено е дека десет годишно користење на мобилен телефон резултирало со 290 проценти зголемен ризик од развој на тумор на мозокот. Интересно е тоа дека туморите се пронајдени на онаа страна на главата на која најчесто го користиме мобилниот телефон.

Како што наведува „Natural Society“ употребата на мобилни телефони во последните 10 години е нагло зголемена па резултатите сега можно е да се учте по фрапантни. Статистички секој човек во развиените земји наскоро ќе има по два мобилни телефони, а многумина веќе и ги имаат. Зголемувањето на бројот на мобилни телефони доведува до „секундарна употреба на телефоните“. Исто како и кај пушењето, седење во автобус, авион или воз ќе ве изложи на влијанието од неколку стотини телефони одеднаш.

Следен клучен фактор е дека децата пред десет години имале многу помалку мобилни телефони. Сега воопшто не е невообичаено да видите дете помладо од десет години да разговара или праќа пораки од својот телефон. Добро е познат фактот дека децата во развој се повеќе погодени од зрачењето на мобилните телефони, а познати се и случаи на пореметување во однесувањето кое е последица на употреба на рана возраст. Исто така познато е дека зрачењето од мобилните телефони всушност влијае и го менува мозокот.

Во студија објавена во магазинот електромагнетна биологија и медицина откриено е дека важните делови на мозокот како хипокампусот, малиот мозок и фронталната регија, кои се одговорни за учење, помнење и други функции се под негативно влијание на микробрановите зрачења.

Истражувачите откриле дека радиофреквентното зрачење во текот на осум месеци негативно влијаело на 143 протеини во мозокот. Вкупно изложување на мобилните телефони во траење од три часа во текот на осум месеци покажало резултати дека многу нервни функции поврзани со функцијата на протеините се влошиле.

Дури и Светската Здравствена Организација ги класифицирала мобилните телефони како причинители на појава на рак во истата категорија како и оловото, издувните гасови и хлороформот.

Со други зборови, големата глобална употреба на мобилните телефони претставува масивен биолошки експеримент. Вистинските долгорочни влијанија ќе бидат целосно познати дури откако ќе се појават.

Како што веќе знаете најдобар начин за заштита од зрачењето од мобилните телефони е едноставно да не ги користите. Кога ќе го исклучите телефонот тој ја намалува стапката на зрачење речиси на нула. Тоа не е секогаш добра опција но постојат неколку методи за да се намалат штетните влијанија: Обидете се да ја користите опцијата „звучник“ на својот мобилен телефон кога е тоа возможно држејќи го во раце подалеку од главата, чувајте го својот телефон исклучен навечер или кога не го користите, наместете го вашиот телефон на опција која се препорачува за време на патување со авион доколку не можете да го исклучите целосно, чувајте го подалеку од себе кога не го користите.

Посветете внимание на производите за заштита од зрачење за вашиот мобилен телефон. Бидете свесни дека постојат голем број лажни помагала за заштита од зрачење па затоа побарајте производ кој гарантира дека врз него се направени голем број на испитувања.

Најважно од се е да ги информирате вашите пријатели и роднини за опасностите при користење на мобилните телефони, односно да ја намалите употребата на телефоните во најмала можна мерка посебно кај децата.

Share Button

Tags: , , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1