Магданос за флеките од сонце


Според научниците и козметичарите магданосот е моќно средство за отстранување на флеките на лицето и телото предизвикани од сонце.

Во домашна режија можете да користите тоник или пак маска од магданос која видливо ќе ги обели флеките доколку сте упорни и редовно ги користите.

Тоник – магданосот попарете го со пола литро зовриена вода. Оставете го поклопено во сад 12 часа. Процедете, додадете малку лимунов сок . со овој чај влажнете го лицето неколку пати дневно на местото каде се флеките, а задолжително наутро и навечер.

Маска – испасирајте неколку листови магданос, измешајте со 2 лажички мед и додадете 20 капки лимунов сок. Со добиената смеса намачкајте ги пегите. По 20 минути измијте го лицето. Оваа маска треба да ја користите најмлаку 2 до 3 пати неделно.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1