Полицијата превзема сериозни мерки за целосно расчистување на терористичкиот напад кој утринава се случи на караулата кај Гошинце, информираа денес од МВР.
Според првични и неофицијални информации утврден е идентитетот на дел од членовите на групата која утринава влезе во караулата и ги нападна четворицата полициски службеници.
Првичните и непотврдени сознанија велат дека како лидер на групата е идентификуван командант Џеваир Адеми од Гњилане, Косово. Дел од логистиката на 40. члената група биле извесен Фарук, како и Ерхан и Кадри Бајрами. Утврден бил идентитетот и на останати членови на групата коу вооружени, со маскирни униформи и ознаки на УЧК, влегоа во караулата кај Гошинце.
Полицијата превзема сериозни мерки за целосно расчистување на терористичкиот напад кој утринава се случи на караулата кај Гошинце, информираа денес од МВР.