Еве што се договорија лидерите во Пржино – Ова се новите министри и заменици


После полноќ партиските лидери ги договорија деталите околу спроведувањето на договорот од Пржино.  Нема да има пролонгирање на изборите кои ќе се одржат  на 24 април.

Информациите велат дека околу МВР на опозицијата и се врзани рацете, промени не смее да има освен ако некој не прекршил закон,  а доколку се случат тогаш веднаш настапува мерката врзан потпис меѓу две лица од власта и опозицијата.

novi ministri przino

Договорено е Законот за бомби да се донесе, забрана за објавување и казни за правното лице и изворот, а ќе се чека мислењето на Венецијанска комисија.

Нов министер за внатрешни работи треба да биде Оливер Спасовски, сегашниот генерален секретар на СДСМ, а Фросина Ременски да биде нов министер за труд и социјална политика.

Спасовски е сегашниот генерален секретар на СДСМ, поранешен секретар на општина Куманово

oliver spasovski

Оливер Спасовски

frosina-remenski

Фросина Ременски

Потпретседателот Александар Кирацовски ќе биде заменик-министер за информатичко општество и администрација, Кире Наумов заменик-министер за финансии и шефот на кабинет на Заев, Љупчо Николовски заменик-министер за земјоделие.

aleksandar_kiracovski_5-600x400

Александар Кирацовски

kire naumov

Кире Наумов

ljupco nikolovski sdsm

Љупчо Николовски

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1