Европа е буре барут: Кои ќе бидат новите држави?


Најавите за отцепување на полуостровот Крим од Украина , која поминува низ длабока политичка криза, го отвори прашањето за нови кризни жаришта во Европа. Медиумите деновиве објавуваат карта со ново-старите потенцијални жаришта на најстариот континент пренесува Нова Македонија

По втората светска војна границите во Европа се менуваат многу тешко, но ако тој процес започне, тешко е да се сопре. Во моментиве колуминра состојбат во Украина, во Шкотска е закажан референдум за независност на 18ти Септември, шпанските области како и секогаш зборуваат за независност, а и ситуацијата на Балканот е секогаш затегната. Дали можеби за 20 години вака ќе изгледа картата на Европа?

31012014074940_zarista evropaЕдна од нив е Република Српска, за која нивните жители сметаат дека нема пречки за осамостојување на српскиот ентитет. Во ова сценарио се и одвојувањето на другите два ентитета во БиХ хрватскиот и босанскиот, како и осамостојувањето на регионот Санџак во Србија.

Војводина е исто така регион со статус на автономна покраина, а веќе има предлози од некои кругови Србија да биде Сојузна држава од Република Србија и Република Војводина!

Шкотска веќе има најавено референдум на 18 септември на која ќе се одговори на прашањето дали да биде независна држава. Шкотите овој 18 септември ќе одговорат на прашањето „Треба ли Шкотска да биде независна земја?“. Повеќето анкети засега покажуваат дека Шкотите одбиваат да излезат од заедницата со Англија, Велс и Северна Ирска. Доколку сепак одлучат поразлично, Шкотите веднаш ќе влезат во преговори со Вестминстер и Европската унија околу транзицијата на независна Шкотска во Европската унија. Шкотска, од сите наброени земји, до независност би можела да дојде со најмалку отпор и со најмалку тензии.
Баскија, чиј еден дел е сместен во Франција, а друг во Шпанија, веќе со години, интензивно или помалку интензивно, бара независност. На сила тоа се обиде да го направи ЕТА, која во меѓувреме се откажала од насилна борба за независност. Шпанија сакаат да ја „намалат“ и Каталонците. Тие ви требало оваа година да излезат на референдум за самоопределување, кое им е ветено од каталонската влада.

Централната власт во Мадрид јасно рекла дека таквото гласање нема да се одржи. Но, каталонскиот парламент минатата година донесе Декларација за суверенитет и права на каталонскиот народ, и изгледа шпанските покраини, порано или подоцна, ќе станат независни. Желбата за независност од Шпанија би можеле да искажат и Галиција и Андалузија.

„Корзика НЕ Е Франција“ стои на насловот на веб страницата која им порачува на Французите – „одете си дома“! Франција ја превзела Корзика во 1769 година и ја задржала во својот состав до денес. Корзиканското движење за независност денес не е толку силно, како на пример каталонското. Но, би можело да се засили ако во Европа се покрене тренд на создавање на нови држави. Некои во овој контекст ја споменуваат и северната француска покраина, Бретања.

Слично како и Корзика, и жителите на Сардинија би можеле да бараат независност, но од Италија. Сардинија и Корзика се соседни острови. Но како што пишуваат некои извори, иако е голем бројот на жители кои сакаат независност, партиите кои се залагаат за неа не добиваат голема поддршка на изборите.

Бидејќи Италија е земја поделена на богат север и сиромашен југ, политичката партија Лега Норд (Северна лига) од 1991 година е за независна Паданија, односно поширокото подрачје на долината на реката По, која се наоѓа на северот на земјата.

Трансдњестар е самопрогласена држава која се наоѓа меѓу државите Дњестар на источна граница на Молдавија со Украина. Молдавија не ја признава како држава. Трансдњестар е една од многуте можни извори на судири околу независност на подрачјето на поранешен СССР. Овде се и Чеченија, Абхазија, Јужна Осетија… Слободно можеме да кажеме дека опасноста од судири е насекаде на овие подрачја.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1