ФБИ ќе преиспитува илјадници лабараториски тестови – биле грешни


Стејт Департментот за Правда на САД и ФБИ ќе преиспитуваат илјадници лабараториски наоди користени во криминални случаи од последниве 20 години.

Преиспитувањето ќе се врши бидејќи е најдена маана на анализите на влакна што се извршени во текот на 90-тите години од минатиот век.

Портпаролот на Департментот изјави дека ФБИ и Департментот во текот на рутинска контрола забележале грешка во микроскопската лабараториска анализа на влакната од тој период, а најстрашен е фактот што тие докази се користени во предмети каде што е можно да се осудени невини луѓе.

„ Ние остануваме посветени на блиското работење со нашите партнери во борбата против криминалот и подготвени сме да прегледаме илјадници докази и судски предмети, кои се постари и од една декада, за да дојдеме до вистината и до значајна ревизија на предметите“, додаде Нанда Читре.

Оваа ревизија следува по големата медиумска хајка започната од Вашингтон Пост за неправилно испитани докази во лабараториите на ФБИ, кои можат да лишат од слобода невини луѓе.

Во април, годинава, весникот посочи на двајца мажи осудени за различно кривично дело, првиот за сексуален напад и силување, вториот за убиство на таксист. Во двата случаи форензичарската наука потфрлила и невини личности биле осудени на долги години робија.

Департментот за Правда е партнер со невладината организација наречена Проект на Невиност (Innocence Project), која обезбедува објективни испитувања од трето лице. Групата на млади адвокати е посветена на реформирање на сегашниот правен систем во САД и во секоја прилика ја користи можноста за укажување на владините претставници и граѓаните на САД за можните грешки во ДНА тестирањето на доказите.

Пензионираниот инспектор Мајкл Р. Бромович, кој ги истражувал и открил мааните на испитувањата на влакна во 90-тите, изјави дека соработката со Проект на Невиност и други групи на адвокати-бранители, е правилниот чекор до ослободување на невините луѓе и иднината на судството во САД.

„ Ништо неможе да ги врати одземените години на погрешно осудените, но затоа секоја единка во судскиот систем сега треба да се потруди сите тие луѓе да бидат спасени и вратени на слобода, а сите предмети да се исчистат што е можно поскоро“, изјави Бромович.

Share Button

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1