Во Струмица денес гореше на истото место каде во понеделникот пожарот однесе 2 човечки животи.
Противпожарната служба е на терен и го гасат повторно активираниот пожар. На теренот може да стигне само човек и затоа интервенираа од воздух два авиона Ер Трактор. Тие почнаа со гасење на пожарот околу 14:30 часот.
Надлежните смируваат дека не станува збор за голема површина и велат дека нема место за паника.
фото – Роберт Ѓеоргиев