ФОТО: Белоглав мршојадец од Хрватска долета во Скопје, се заглави во камбанарија


Белоглав мршојадец се заглави во камбанаријата на црквата „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје, пренесува Нова Македонија.

Градежните работници успеале да ја задржат птицата половина час додека дојдат екипите на Македонското еколошко друштво, кои потоа ја пренеле на сигурно.804500_10153651919761774_315171831_n

Станува збор за млад мажјак, кој во првите години неретко лета на големи далечини. Она што е карактеристично за овие птици е што живеат далеку од цивилизацијата, најчесто на карпести предели каде што има пештери, кои се соодветни за гнездење. Останува енигма како овој белоглав мршојадец успеал да се најде во центарот на Скопје.

Утврдено е дека оваа единка веќе е регистрирана, а според шифрата на ногата, доаѓа од Хрватска. Од Македонското еколошко друштво велат дека птицата набрзо ќе биде пуштена на слобода.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1