Полицијата утринава добила пријава дека е поставена експлозивна направа на автомобил во скопски Капиштец.
Од МВР за Курир велат дека пријавено било дека на тркало од автомобил „Сеат Ибица“ сопственост на З.К., лоциран на улицата „Васил Ѓоргов“, била поставена експлозивна направа.
На лице место веднаш се излезени полициски екипи и припадници на антитерористичката единица кои вршат увид. Повеќе детали се најавени за подоцна.