Рускиот милијардер Роман Абрамовиќ веќе десет години со својата јахта плови по Јадранот. Во саботата, убавицата Eclipse пристигна во Дубровник за да наточи гориво.
Инаку јахтата на Абрамовиќ е долга 163,5 метри и вреди над 800 милиони долари. Точењето го извршиле 40 цистерни, а сметката за гориво била еден милион долари.