Готвењето на плин е штетно исто колку и пушењето!


Кога готвите на плин, вклучете го аспираторот во кујната. Аспирацијата го смалува нивото на загадувачи и штетни гасови за огромни 60-90%.

Не пушите, спортувате и внимавате на исхраната и сметате дека сте направиле се на полето на чување на вашето здравје.hrana22

Она што го заборавате се останатите, навидум безопасни навики, кои му штетат на организмот во иста мера со, на пример, пушењето. Разликата е единствено во механизмот на кој долгорочниот негативен ефект се таложи во вашето тело.

Па, една од тие навики е и готвењето на плин.

За разлика од електричните рингли, плинските имаат една маана. Додека готвите, се ослободува дополнителна количина на јаглероден моноксид, азот диоксид и формалдехид.

Да биде појасно, ова е истото она трио на загадувачи што несакајќи го консумирате додека го вдишувате чадот од туѓа цигара т.е. при „пасивно пушење”.

Затоа, кога готвите, особено на плин, вклучете го аспираторот во кујната. Аспирацијата го смалува нивото на загадувачи и штетни гасови за огромни 60-90%.

Fox.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1