Фото: ГРЧКИОТ ИМА ПРЕДНОСТ (?!) – свадбени покани во Битола


Ендемски продавачи на свадбени покани во Битола

Дека битолчани се добри домаќини- трговци, сме се увериле , да речеме, многу пати досега, но по некои најнови примери се гледа тие се занесле во својот „домаќинлук“.

Долги години наназад Грците се едни од нивните основни купувачи, доаѓаат секој ден преку граница на пазарење во Битола, а пак извесни грчки бизнисмени поседуваат компании и фабрики во Битола и за многу голем експлоатација им даваат мизерни плати на вработените, сето тоа е факт.

„Добрината“ на битолските продавачи се покажа и во овој бизарен случај, каде на таблата прво е испишана понудата на продавницата на грчки, а дури потоа на македонски јазик.

Не веруваме дека сопственикот на продавницата е Грк, а уште помалку дека токму поради ова продавницата има повеќе продажба (кај Грците), ама веруваме и цврсто сме убедени дека станува збор за некој „ендемски вид“ на газда битолчанец, иако некои работи не зависат од нас и не можеме да ги смениме, но некои работи едноставно не смееме да ги направиме.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1