Фото: Хорор во Јемен! Деца умираат од глад


Јемен е потполно зависен од увозот на храна. Увезува дури 90 проценти жито, а откако пораснаа цените на енергенсите семејствата не можат да си дозволат доволно храна за преживување.

Ова тимесечно дете лежи во болница поради неухранетост во Сани, главниот град во Јемен. Најсиромашната арапска земја е во голема хуманитарна криза. Десет милиони луѓе се на работ на егзистенцијата додека земјата се соочува со политичка и економска криза. Најсиромашните се на работ на смртта бидејќи немаат доволно пари за храна.

Секое трето дете има потреба од прихранување, проценуваат ОН.

Недостатокот на храна го поттикна порастот на цените како и растот на екстремизмот и сепаратизмот во земјата бидејќи Владата потпомогната од САД не може да воведи ред. Тие на своите жители им ветуваат храна доколку ја добијат нивната лојалност.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1