Живее без срце: Чехот Јакуб Халик стана медицински феномен!


Јакуб бил опериран од редок вид на тумор поради кој лекарите морале да му го отстранат срцето. Со операција му вградиле пумпи наместо срце. Тој е првиот преживеан по ваквиот зафат, сега чека трансплантација.

Тој нема ниту пулс ниту отчукувања на срце. Но поранешниот пожарникар Јакуб Халик (37) во четвртокот делел насмевки. Лекарите му рекле дека наскоро ќе добие ново срце откако пет месеци живеел без овој орган. Пред извесно време му бил откриен агресивен вид на тумор на срцето. Итно морале да му го отстранат од градниот кош. Лекарите во Прага одлучиле да направат револуционерен зафат.

– Ми го извадоа срцето и ми ставија две механички пумпи кои ја разнесуваат крвта, изјавил Јакуб.

Ваква операција до сега била изведена само еднаш, во САД, а пациентот умрел по неколку дена. Но Јакуб по сложениот зафат се чувствувал добро.

Сега тој е првиот медицински феномен бидејќи успеа да преживее без срце. Во Чешка на трансплантација на срце чека осум месеци. Јакуб сега дошол на ред за пресадување.

– До сега чекав наоди кои би потврдиле дека метастазите не се проширени. Сите тестови се во ред и сега чекам трансплантација, изјавува Јакуб.

По 150 дена ја напуштил болницата во Прага и конечно уживал со семејството и во свежиот воздух.

– Умешните хирурзи успеаа од две помпи да создадат апарат кој работи како срце. Всушност, постојат пумпи кои се користат како лева комора и преткомора, меѓутоа, не е решен проблемот со десната страна на срцето. Тие успеаа и тоа да го направат, објаснил професор Д-р. Бојан Биочин, шеф на Клиниката за кардио хирургија.

Жељко Шутич од КБ Дубрава вели дека успешноста на ваквиот зафат зависи од тоа колку пациентот може да издржи.

Со насмевка на лицето момчето чека ново срце и нов почеток на животот. Поради лошото здравје и грижите Јакуб имал проблеми со несоница.

– Сега спие како новороденче. Когаќе појдам во посета во 7 часот, тој не се буди, рекол доктор Јан Пирк, хирург од Институтот за клиничка и експериментална медицина во Прага. Тој на момчето му го спасил животот. Му вградил механичка пумпа Хартмејт 2.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1