Оливера заслужува државен пречек – петиција


Го освои златото, постигна светски рекорд. Оливера Наковска Бикова не направи сите горди!!!!

„Возбудата не може да се сокрие. Секако пресреќна сум, за себе и за Македонија. По првите одлични серии потоа успеав да останам концентрирана до крај што неизбежно ме однесе до златниот медал“ – вели Оливера, пренесува спортски вести.

Оливера заслужува голем пречек. На социјалните мрежи веќе постои петиција со цел да се соберат поголем број потписи за Оливера да има достоен државен пречек по врќањето од Лондон.

ОВА Е ЛИНКОТ до петицијата, а во неа се вели –

Ние долупотпишаните, ја повикуваме Владата да организира државен пречек со највисоки почести за Оливера Наковска Бикова. Таа го постигна најголемиот македонски спортски успех во последно време. Тоа што златниот медал го освои на ПАРА Олимписките игри го прави успехот уште поголем и позначаен.

Нејзниот подвиг е поттик за сите спортисти, сите лица со хендикеп и сите луѓе воопшто – да не потклекнуваат пред тешкотиите и да се борат до победа.

Ги повикуваме сите граѓани да излезат и свечено да ја пречекаат Оливера без разлика дали пречекот ќе биде официјално организиран или сами ќе дознаеме кога се враќа од Лондон.,,

„Македонија треба да биде горда на големиот успех кој го постигна Оливера. Треба вистински да се разбере тежината на постигнувањето кое уште еднаш ја прослави Македонија. Постигна навистина одлично постигнување ако се знае дека подготвителниот период не течеше комплетно според нашите посакувања. Но и покрај проблемите овде во Лондон успеавме пред се психички да се подготвиме и да дојдеме до овој голем резултат“ – изјавил за спортски вести тренерот Бранимир Јовановски нагласувајќи дека нема многу време за прослава затоа што веднаш следат подготовките за новите настапи.

„Верувам дека нема да застанеме само на овој медал. Веднаш почнуваме со подготовките за другите две дисциплини на кои ќе настапат нашите натпреварувачи. Во добра форма се и двајцата па очекуваме нови позитивни вести од стрелачкиот турнир“ – дополнува Јовановски, за спортски вести.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1